Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОЛСКА НЕ ПРИМА СТРАНЦИ: На граница колона долга 60 километри

ПОЛСКА НЕ ПРИМА СТРАНЦИ: На граница колона долга 60 километри

На германско-полската граница има колони од 60 километри. 

Најголемиот метеж е регистриран на граничниот премин Гоерлиц (Згорзелец).

Ова се случува поради забраната за влез во Полска за сите странци. 

„Ситуацијата на границата со Полска е навистина драматична. Ние сме во постојан контакт со полските власти“, изјави германскиот министер за надворешни работи, Хајко Мас. 

Претставници на Техничката помош (THW) и германскиот Црвен крст од понеделникот дистрибуираат храна и пијалаци за возачите заглавени на границата.

Колони се создаваат и на граничниот премин Франкфурт на Одра, источно од градот Берлин. Полицајците од колоната ги извлекуваат камионите со добиток, кој потоа го сместуваат кај локалните земјоделци.

Данска, Полска и Чешка го забранија влезот на своја територија за сите странци пред неколку дена. 

Во светски рамки, 219,000 луѓе се заразени со вирусот корона, скоро  девет илјади умреле, а 85.000 се излечиле. Во Европа, бројот на починати ја надмина Азија, а најтрагично е во Италија, потоа Шпанија и Франција. 

Слично

Поврзани вести