Полска ќе стане членка на еврозоната, но со услов таа да се реформира
Полска ќе стане членка на еврозоната, само доколку блокот на евровалутата се реформира до 2023 година, порача полскиот министер за финансии, Јацек Ростовски.
- Тој период од десет години е реален. Сепак, мораме да бидеме сигурни дека еврозоната во доволна мерка ќе направи реформи со цел да се приклучиме кон неа безбедно. Ние ги охрабруваме и нудиме совети, но напредокот е недоволен - изјави Ростовски.
Еврозоната се движи кон поблиска економска и финансиска интеграција со цел да се надмине должничката криза и да се спречат нови турбуленции.
Под условите на пристапување кон ЕУ во 2004 година, Полска има обврски да се приклучи кон сегашната 17-члена Унија, без да прецизира временска рамка.
Слично
