Полска ќе бара воена отштета од 1,32 милијарди долари од Германија
Полска ќе достави официјално барање до Германија за воена отштета од 1,32 милијарди долари. Претседателот на владејачките конзервативци Јарослав Качински вчера во Варшава изјави дека Полска официјално ќе поднесе барање Германија да ѝ плати отштета за жртвите, материјалната штета и злосторствата на окупаторските власти за време на Втората светска војна, во износ од 1,32 милијарди долари.
Качински рече дека „претставениот износ на штетата е пресметан со најконзервативни методи“ и дека „може да се зголеми“.
фото ЕPA
Слично
