Економија, финансии, бизнис

Контакт

Полска ќе ги евакуира Пољаците од источна Украина

Полска ќе ги евакуира Пољаците од источна Украина
Полска во првата половина на јануари годинава ќе евакуира 200 припадници на полскоро малцинство од Донецката област кои повикале на „репатријација“ поради судирите во источна Украина, потврди полското Министерство за надворешни работи. „Ќе направиме се што е неопходно за да ги евакуираме 205 те Пољаци кои изразија желба да се вратат во својата татковина, и тоа ќе го направиме веднаш во јануари. Поради безбедносни причини нема да го соопштиме точниот датум кога лицата ќе го напуштаат Донбас“, рекол шефот на полската дипломатија, Гжегож Шетин. Премиерот на Полска, Ева Копач, им ветила на припадниците на полското малцинство кое настојува да побегне од областите на Украина кои се зафатени од воениот конфликт, дека Полска ќе ги евакуира до крајот на годината, но терминот беше преместен за најдоцна до Божиќ според јулијанскиот календар. „Животот во Донецк сега е ненормален. Луѓето се под потполно вооружување, а постојано се слушаат истрели во правец кон аеродромот на кои реагираат се помал број луѓе. Навечер животот во градот згаснува и никој не излегува надвор. Сите сме исплашени за своите животи. Многу луѓе ги продадоа своите имоти, седиме на подготвени куфери и чекаме сигнал за евакуација“, рекла за полската телевизија Викторија Харченко, жител на Донецк. Полската влада вонредно, поради вооружените судири во источна Украина, одобри репатријација на украинските државјани од полско потекло кои имаат т.н. карта на Полска на која имаат право сите Пољаци во дијаспората или на некој друг начин може да докажат дека имаат полско потекло. За евакуирањето во наредната половина година ќе биде задолжени Министерството за внатрешни работи на Полска.  
Слично

Поврзани вести