Полска го реформира пензискиот систем
Полскиот парламент денеска одобри реформа на пензискиот систем, со која се предвидува префрлување на средствата од приватните фондови во државниот. Според тој план, кој ќе стапи на сила во февруари, приватните пензиски фондови ќе мора да ги префрлат владините обврзници кои се наоѓаат во нивна сопственост, и чија што вредност е 140 милијарди злоти (33 милијарди евра), во државниот фонд ЗУС, пренесува агенцијата АП.
По жолчната дебата, долниот дом на парламентот, со 232 гласа наспроти 216, ги изгласа реформите во пензискиот систем.
Полскиот премиер, Доналд Таск, истакна дека парите во ЗУС ќе бидат посигурни и помлаку изложени на колебањата на финансиските пазари во време кога популацијата е се постара.
Слично
