Економија, финансии, бизнис

Контакт

Полска го раскинува договорот за гас со Русија, рускиот енергент го добива преку Германија

Полска го раскинува договорот за гас со Русија, рускиот енергент го добива преку Германија

Полска одлучи да го раскине меѓувладиниот договор со Русија во врска со гасоводот Јамал, објави полската министерка за клима, Ана Москва.

- Руската агресија против Украина ја потврди точноста на решеноста на полската влада да стане целосно независна од рускиот гас. Отсекогаш знаевме дека Гаспром не е доверлив партнер - напиша Москва на „Твитер“. 

Русија минатиот месец го прекина снабдувањето со гас за Полска и Бугарија преку гасоводот Јамал-Европа.

И покрај прекинот на испораките на гас за Полска, протокот на гас од Германија до Полска преку гасоводот со кој управува полски ентитет се одвива непречено, објаснува Москава.

Варшава одби да го исполни барањето да го плати гасот во рубљи. Полска постојано изјавуваше дека нема намера да го продолжи долгорочниот договор што требаше да истече на крајот на 2022 година. Полската гасна компанија во 2019 година го извести „Газпром“ дека планира да го раскине договорот на неговиот датум на истекување.

Пјотр Наимски, полскиот министер задолжен за енергетска безбедност изјави за јавното радио дека владата усвои резолуција со која го раскинува договорот од 1993 година за испорака на руски гас во Полска на 13 мај. 

Полскиот дел од гасоводот Јамал што ја поврзува Русија со Западна Европа е во сопственост на заедничко вложување меѓу Гаспром и ПГНиГ, неговото работење е под контрола на полската државна компанија за пренос на гас Газ-Систем.

- Меѓувладините договори со Русија, кои го прекршуваат европското право, не треба повеќе да важат. Нафтоводот Јамал функционира во согласност со европскиот закон, кој дозволува да се користи за обратно снабдување со гас од Германија до Полска без прекин - рече Москва.

Полска ги користи обратните испораки од Германија како една од алтернативните патишта за снабдување со гас по прекинот на руските испораки. 

Слично

Поврзани вести