Полска ги повика своите граѓани веднаш да ја напуштат Русија - каква закана постои?
Министерството за надворешни работи на Полска издаде препорака во која им советува на сите полски граѓани кои живеат во Русија да ја напуштат таа земја, доколку е можно, пишува ТВП.
„Затоа, на полските граѓани кои живеат во Русија им се препорачува „да ја напуштат територијата на Русија со достапни комерцијални или приватни средства, освен ако нивната лична, семејна или професионална ситуација не бара од нив да останат во земјата“, соопшти министерството.
Според соопштението објавено на официјалната веб-страница на владата, министерството советува да се избегнува какво било патување во Русија, наведувајќи го конфликтот во Украина и официјалното прогласување на Полска од страна на Русија за „непријателска држава“.
Русија официјално ја вклучи Полска – која се приклучи на западните санкции и беше еден од најсилните поддржувачи на Украина – на списокот на „непријателски држави“ уште од 2022 година.
