Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОЛСКА-ГАРАНТ ЗА БЕЗБЕДНОСТА НА УКРАИНА: Зеленски на линијата на фронтот во регионот Харков

ПОЛСКА-ГАРАНТ ЗА БЕЗБЕДНОСТА НА УКРАИНА: Зеленски на линијата на фронтот во регионот Харков

Инвазијата на руската армија во Украина денеска влезе во својот 96-ти ден.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска ја објави својата намера телефонски да разговара со руските и украинските колеги Владимир Путин и Владимир Зеленски.

Претседателот Володимир Зеленски ја посети линијата на фронтот во регионот Харков за прв пат од почетокот на војната. Неколку часа откако го напуштил овој град, во него се слушнале неколку експлозии, а на североистокот од градот е забележан голем црн облак. Амбасадорите на земјите-членки на ЕУ во неделата не успеаја да постигнат консензус за воведување на шестиот пакет санкции против Русија, кои се однесуваат на ембаргото за нафта.

Потребно е итно зајакнување

Поранешниот германски претседател Јоаким Гаук смета дека испораката на оружје за Украина сега е неопходна за зајакнување на нејзините одбранбени способности.

„Без оружјето на сојузниците во светската војна, Европа би била под власта на нацистите. Но, и без тој историски преглед, треба да ни биде јасно дека во сегашната ситуација прво треба да и дадеме збор на Украина“, изјави Гаук за Билд.

„Ако луѓето  ни кажат: сакаме да се бориме за нашата слобода, дури и ги ризикуваме нашите животи, тогаш не е наша работа да им објаснуваме од безбедно место што е правилно“, нагласи тој, додавајќи дека тоа би било „нечувствително и крајно арогантно“.

Дуда: Полска е подготвена да стане гарант за безбедноста на Украина

Полскиот претседател Анджеј Дуда потврди дека земјата е подготвена да стане гарант за безбедноста на Украина.

„Владимир Зеленски ме праша дали се согласувам Полска да биде еден од гарантите на безбедноста на Украина. Ние веруваме дека како соседи сме едноставно должни. Значи, ако Украина ни понуди да бидеме гарант за безбедноста и гарант на мирот, кога војната е завршена и ако под такви услови биде прифатен мировниот договор - да, Полска ќе учествува“, рече Дуда.

ФОТО: ЕПА

Слично

Поврзани вести