Економија, финансии, бизнис

Контакт

Полска бара ЕУ да ја забрани изградбата на „Северен поток 2“

Полска бара ЕУ да ја забрани изградбата на „Северен поток 2“

Полска бара Европската унија да ја забрани изградбата на втор цевковод на руски гас за Германија под Балтичко Море, инсистирајќи дека тоа е против стратешките интереси на блокот и се кршат правилата на конкуренцијата.

Плановите за изградба на „Северен поток 2“ „ги носат подалеку прашањата на енергијата, бидејќи во нашиот дел од Европа, трговијата со природен гас секогаш има стратешки последици“, изјавил новиот полски министер за европски прашања Конрад Шимански за полските медиуми.

Според неговите зборови, постои ризик рускиот гасен монопол за испораките на гас за ЕУ ​​да ги наруши правилата за конкуренција на блокот.

„Очекуваме од Европската комисија да ги исполни своите обврски во врска со овој проблем“, додал уште Шимански.

Слично

Поврзани вести