Економија, финансии, бизнис

Контакт

Полска со референдум за емигрантите

Полска  со референдум за емигрантите

Полскиот премиер Матеуш Моравјецки денеска објави дека Владата на референдум ќе ги праша граѓаните дали сакаат да примаат илегални имигранти од Блискиот Исток и Африка, односно дали ќе се прифати планот за релокација на Европската унија (ЕУ).

Непосредното гласање е најавено преку видео објавено на социјалните мрежи. Неговата партија „Право и правда“ се обидува да ја задржи власта на парламентарните избори во октомври и сака да го искористи прашањето за имиграцијата во својата изборна кампања, истата тактика што и помогна да дојде на власт во 2015 година.

Полска во моментов важи за прибежиште за повеќе од милион украински бегалци. Во моментов ЕУ врши притисок врз Полска со планот за споделување на одговорноста за мигрантите кои влегуваат во Европа без дозвола.



Слично

Поврзани вести