Економија, финансии, бизнис

Контакт

Половина од жителите избегаа од Нагорно Карабах

Половина од жителите избегаа од Нагорно Карабах

Половина од населението во Нагорно-Карабах е раселено, соопштија властите во Степанакерт.

Oд нив 90 проценти се жени и деца, вели Артак Белгарјан, официјален претставник од самопрогласената република, додавајќи дека од 70.000 до 75.000 луѓе се раселени.

Нагорно Карабах има вкупно население од околу 140.000 жители, од кои 99 проценти се Ерменци, додека Азербејџанците избегаа по војната во 90-те години на минатиот век. Ерменците го обвинуваат Азербејџан дека од петокот безмилосно го бомбардира нивниот главен град Степанакерт, предизвикувајќи повеќето од 50.000 жители да го напуштат градот, а другите се во засолништа.

Веќе 11-ти ден се војува во овој регион. 

Ерменскиот премиер Никол Пашинјан денеска изјави дека е потребен компромис за решавање на каков било конфликт, вклучително и во Нагорно Карабах. 

Рускиот претседател Владимир Путин се огласи за конфликтот меѓу Еременија и Азербејџан во Нагорно Карабах. 

Тој битките меѓу Еременија и Азербејџан ги оцени за трагични и повика на прекин на конфликтот. 

Слично

Поврзани вести