Половина од популацијата на Израел прими две дози вакцина: Се издаваат зелени пропусници и се укинуваат ограничувањата за вакцинираните лица
Израелскиот
министер за здравство Jули Еделштајн денеска објави дека половина од израелската
популација која бори 9,3 милиони луѓе примиле две дози вакцина против корона
вирусот.
-Единствено што останува е да продолжиме уште малку да ги следиме ограничувањата воведени поради пандемијата“, изјави министерот Еделштајн за израелските медиуми.
Масовната вакцинација во Израел, која е најбрзата во светот, започна на 19 декември и оттогаш се намаи бројот на заразени, како и на тешките форми на заболувањето.
Оваа недела беа објавени нови регулативи, врз основа на кои до 5.000 луѓе ќе можат да присуствуваат на настани по повод претстојните верски и државни празници, додека Израел ги укинува ограничувањата во согласност со планот за издавање на „зелени пропусници“ за вакцинирани лица. Велигден, Рамазан и Велигден ќе бидат славени околу празничната трпеза од најмногу 20 лица во затворено и 50 на отворено.
Како што е наведено денес, повеќе од пет милиони, односно 55,94 проценти од Израелците ја примиле првата доза на вакцината, а скоро 4.650.000 биле целосно вакцинирани.
Зелениот израелски пасош ќе биде признаен од Кипар од 1 април, а вакцинираните Израелци ќе можат да патуваат таму без тест за корона и нема да мора да одат во карантин.
На невакцинираните Израелци ќе им треба негативен ПЦР тест, со исклучок на децата на возраст под 12 години.
