ПОЛОВИНА ОД ГЕРМАНЦИТЕ ЌЕ ПРОДОЛЖАТ ДА НОСАТ МАСКИ И ПО УКИНУВАЊЕТО НА МЕРКИТЕ: Најмногу ќе ги користат во јавниот превоз и во продавниците
Од 52 отсто од Германците кои на анкетата на ИНСА изјавиле
дека ќе продолжат да носат маски, 79 отсто рекле дека имаат намера да го прават
тоа во јавниот превоз, 76 отсто во продавниците и 66 отсто во возовите на долги
релации. Околу една петтина рекле
дека ќе продолжат да носат маски во рестораните и во канцеларијата.
Четири од десет испитаници се изјасниле дека ќе престанат да носат маски штом ќе бидат укинати антиковид мерките.
Носењето маски во моментов се смета како една од „основните мерки“ што ќе останат во сила откако повеќето други правила ќе бидат укинати на 20 март. Сè уште не е одредена временска рамка за прекин на носењето маски.
Слично
