Економија, финансии, бизнис

Контакт

Половина од Британците се за излегување на земјата од ЕУ

Половина од Британците се за излегување на земјата од ЕУ

И додека фрацускиот претседател Франсоа Оланд му порачува на официјален Лондон дека ЕУ ќе преживее и без Велика Британија.  Истражување на јавното мнение, нарачано од „Санди телеграф“, покажува дека и голем дел од Британците сакаат нивната земја да излезе од Европската унија.

Податоците покажуваат дека 46 проценти од Британците сакаат нивната земја да излезе од Европската унија, а само 30 отсто се за останување во Унијата.

Освен тоа, 44 отсто од анкетираните сакаат референдумот за членство во ЕУ да се оддржи под итно и само 29 отсто се подготвени да чекаат до 2017, предложениот датум од страна на премиерот Дејвид Камерон.

Дејвид Камерон е партискиот лидер во кого Британците имаат најголема доверба во преговори со ЕУ (31 отсто). Втор е Неџел Фараж, а го следи лабуристичкиот лидер Ед Милибанд.

На прашањето кој ќе победи на следните избори во Велика Британија 32 отсто од анкетираните ги посочуваат лабуристите, 29 отсто ториевците, и 16 отсто либералдемократите. Избирачите сметаат дека Партијата за независност на Обединетото кралство на Фараж ќе освои 15 отсто од гласовите на парламентарните избори во 2015 година.

Слично

Поврзани вести