Половина од Американците имаат помалку од 800 долари заштеда
Економската криза силно влијаеше на многу луѓе, ставајќи ги во непријатна ситуација кога е во прашање способноста успешно да ги градат своите штедни сметки, за барем да ги покријат основните трошоци за црни денови.
Денеска, 46% од Американците велат дека имаат помалку од 800 долари на штедна книшка, а од таа група, речиси половина имаат помалку од 100 долари.
Тоа очигледно може да биде проблематично за оние Американци кои можат да западнат во неочекувани трошоци, особено оние кои имаат деца под 18 години, бидејќи 56% имаат помалку од 800 долари во фондот за непредвидени ситуации.
Само 37% од младите меѓу 18 и 30 години изјавиле дека се обраќаат на членовите на семејството за финансиска помош ако истата им е неопходна.
Поседувањето на фонд при рака за покривање на трошоците кога е неопходно, често е значајно во ситуации на избегнување на долгови кои можеби не можете да си ги дозволите на подолги стази. Многумина направиле значајни напори да ги тргнат долговите во последните неколку години.
Слично
