Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОЛОВИНА ЕВРОПА ПОД СНЕЖНО НЕВРЕМЕ: Завеани камиони на патиштата, повредени луѓе низ градовите, прекини во сообраќајот....

ПОЛОВИНА ЕВРОПА ПОД СНЕЖНО НЕВРЕМЕ: Завеани камиони на патиштата, повредени луѓе низ градовите, прекини во сообраќајот....

Снежни врнежи падна во повеќе делови од Западна Европа, поради што има големи прекини во сообраќајот, а привремено беше затворена и Ајфеловата кула во Париз. Службите за итни случаи во југозападната германска покраина Баден-Виртемберг биле повикани на повеќе од 380 инциденти поврзани со временските услови во изминатите 18 часа, соопшти денеска полицијата.

Портпаролот на полицијата соопшти дека се повредени најмалку 30 лица, главно полесно, а штетата изнесува повеќе од еден милион евра. Најпогодени градови биле Фрајбург и Констанц, каде полицијата учествувала во нешто помалку од 300 операции поврзани со временските услови во периодот од четврток попладне до петок наутро, соопшти полицијата.

Камиони во Франција заглавени во снег

Во Франција, околу 1.750 камиони останаа заглавени на патиштата, а најтешко се погодени северните провинции Бургундија и Нормандија, изјави министерот за транспорт Франсоа Дуроврај за телевизијата BFMTV.

Стотици тешки возила останаа заглавени на незгодните патишта откако возачите постојано ги игнорираа временските ограничувања. Многу возачи мораа да преноќат во своите возила.

Железничкиот сообраќај беше во прекин и во Франција, каде 200.000 домаќинства останаа без струја поради временските услови, соопшти снабдувачот Енедис. Ајфеловата кула во Париз е привремено затворена за посетители по ретки врнежи од снег. Судејќи по објавите на социјалните мрежи, снегот ја покри и Англија.


Слично

Поврзани вести