ПОЛНИ МРТОВЕЧНИЦИ ВО ХОНГ КОНГ: Најсилен удар на коронавирусот досега
Кумулативните инфекции со коронавирус во Хонг Конг надминаа еден милион, бидејќи градот се бори со широко распространета епидемија од која починаа повеќе луѓе од пријавените смртни случаи од КОВИД-19 во цела континентална Кина, јавуваат медиумите.
Здравствените власти објавија 20.079 потврдени инфекции во петокот, со што вкупниот број од почетокот на пандемијата е 1.016.944.
Речиси 97 отсто од нив доаѓаат од тековниот бран во Хонг Конг, кој започна во декември. Инаку од 9 февруари, скоро 5.200 луѓе починале од вирусот.
Вкупниот број на смртни случаи во Хонг Конг - 5.401 - ги надмина 4.636 смртни случаи регистрирани во континентална Кина. Кинескитре властите пријавија 126.234 потврдени случаи, но за разлика од повеќето земји, Кина не вклучува асимптоматски случаи во потврдениот вкупен број.
Градот со 7,4 милиони жители е под закана од Омикрон сојот на вирусот што го оптоварува неговиот здравствен систем бидејќи болниците достигнале максимален капацитет. Ковчезите биле при крај, а мртовечниците се толку полни што телата морало привремено да се чуваат во контејнери за ладење.
Најголем дел од починатите се постари пациенти, а повеќето не се целосно вакцинирани.
Фото: EPA/JEROME FAVRE