Полковник на украинската тајна служба е најден со прострелна рана во главата
Убиен e полковник на украинската тајна служба. Toj e пронајден со прострелна рана во главата.
Полковник на украинската разузнавачка служба е пронајден мртов во неговата канцеларија во Киев, било потврдено за „Украинска правда“.
„Околностите за смртта на вработениот во СБУ се истражуваат како дел од кривичната истрага спроведена од истражителите на Националната полиција на Украина. Службата ќе и ја пружи сета потребна помош на полицијата за да се спроведе целосна, објективна и непристрасна истрага“, велат оттаму.
СБУ изрази сочувство до семејството и пријателите на починатиот полковник. Инаку, СБУ често апси луѓе кои соработувале со Русија и оддавале информации поврзани со војната.
Слично
