Економија, финансии, бизнис

Контакт

Полјаците не го сакаат еврото

Полјаците не го сакаат еврото
Речиси две третини од Полјаците не се согласуваат со влез на нивната земја во зоната на еврото, покажа едно истражување на јавното мислење. Само 32 отсто од испитаниците навеле дека ја сакаат единствената европска валута, 62 отсто се изјасниле против еврото, а преостанатите шест проценти немаат став за тоа, пренесе дневниот весник „Зечпосполита“. Анкетата на агенцијата за истражување на јавното мислење „Хомо Хомиини“, со која биле опфатени 1.067 возрасни Полјаци, е спроведена на 22 март, во време кога членката на еврозоната Кипар се обидуваше да добие финансиска помош од ЕУ за да излезе од проблемите.
Слично

Поврзани вести