Економија, финансии, бизнис

Контакт

Полјак стоел како кукла на излог за да украде накит

Полјак стоел како кукла на излог за да украде накит

Маж во полскиот главен град Варшава стоел како кукла на излог за да украде накит.

Човек од Полска е обвинет дека стоел како кукла на излог во Варшава планирајќи да украде накит откако продавницата ќе затвори. 22-годишникот е сликан како стои мирно и држи торба во излогот на продавница, пренесува Би-Би-Си.

Тој отишол на „лов“ во различни оддели, пред да се смести на штандот за накит. Мажот е обвинет и за кражба на предмети од друг трговски центар. Нему му се заканува затворска казна до 10 години.

Полицијата соопшти дека тој стоел во место додека „не почувствувал дека е безбедно“, а потоа прошетал низ различни оддели по затворањето пред да го украде накитот.

Обезбедувањето забележало што прави човекот. Тој е обвинет и во два други инциденти. Во првиот, полицијата вели дека тој вечерал доцна во ресторан во другиот трговски центар и чекал да се затвори. Полицијата соопшти дека тој потоа влегол во продавница за облека и „ја заменил облеката за нова“, пред да се врати во ресторанот на уште еден оброк. Го фатиле на видео надзор како се лизга под делумно отворените ролетни на продавницата за облека.

Роберт Сумиата, портпарол на полицијата, рече дека во трет инцидент на друга локација, човекот чекал продавницата да затвори, а потоа „зел пари од неколку каси и се обидел да украде други предмети“.

Полицијата објави слики од апсењето на осомничениот. Тој доби 3 месеци притвор. 

Фото Полиција на Варшава

Слично

Поврзани вести