Економија, финансии, бизнис

Контакт

Полјаците во чија куќа удри руски дрон раскажаа што се случило

Полјаците во чија куќа удри руски дрон раскажаа што се случило

Пензионираната двојка Весоловски заврши во шок откако руски дрон се урна на покривот на нивната куќа. Тоа е еден од дванаесетте дронови што завршија во Полска за време на голем руски напад.

Томаш Весоловски бил на приземјето од куќата кога го слушнал ударот на дронот околу 6:30 часот наутро, кој целосно го уништил покривот и ја оштетил спалната соба.

„Го вклучив телевизорот и вестите беа за овој масивен прелет на дрон. По некое време слушнав нешто како лета и одеднаш нешто удри. Ламба падна од таванот во дневната соба на приземјето“, ги опиша тие моменти за Ројтерс.

По навлегувањето на руските дронови во полскиот воздушен простор, при што реагираа силите на таа земја, како и НАТО, светот го осуди овој потег на Русија. Кремљ тврди дека тие немале намера да таргетираат цели во Полска.

Слично

Поврзани вести