Полјаците прават попис и ќе го зголемат бројот на скривници
Полска ќе го зголеми бројот на скривници.
Полскиот министер за внатрешни работи Маријаш Камински изјави денеска дека во државата ќе биде зголемен бројот на засолништа, пренесува агенцијата РИА Новости. За радио станицата РМФ изјави дека Полска во моментот спроведува попис на скривници.
„Станува збор за неколку десетици илјади локации со кои располагаат локалните самоуправи. Кон средината на ноември ќе го зголемиме бројот на места кои на нашите граѓани ќе им обезбедат неопходно скривалиште“, рече Камински.
Откако почна војната во Украина, Полска се плаши за својата безбедност.„Ако Украина не добие поголема поддршка, војната ќе се прошири на територијата на Полска“, вели полскиот премиер Матеуш Моравјецки.
Тој изјави дека падот на проектилот во селото Пжеводов докажува дека доколку Украина не добие поголема поддршка, војната ќе се прошири на полска територија, пишува „Украинска правда“.
Слично
