Економија, финансии, бизнис

Контакт

Полицијата пронајде 16 лица од напаѓачите во Келн, но не ги знае нивните имиња

Полицијата пронајде 16 лица од напаѓачите во Келн, но не ги знае нивните имиња
Германската полиција, во текот на анализа на видео материјали и слики, идентификувала 16 осомничени во учеството во масовните напади врз жени во Келн за Нова година. Тоа го соопштил претставник на органите на редот. Лицата на осомничените се гледаат јасно на материјалите со кои располагаат полицајците, но нивните имиња и адреси се уште не се утврдени. Како што беше познато порано, околу 1000 млади луѓе, претежно со „арапско и северноафриканско потекло“ неколку часа пред доаѓањето на Новата година се собрале на плоштадот до Келнската катедрала и централната железничка станица, потоа се разделиле на мали групи и извршиле напади врз жени. Досега само во Келн полицијата примила 121 сигнал од повредени, кои укажуваат за напади, силувања, грабежи, навреди. Околу 50 од претставките се обработени од полицијата на Хамбург, има слични случаи и во Берлин и Штутгарт, но не е познато дали случаите се меѓусебно поврзани.
Слично

Поврзани вести