Полицајци застрелаа Американец во Сент Луис
Полицајци застрелаа маж во американскиот град Сент Луис, Мисури, каде во последните месеци редовно се спроведуваат демонстрации против насилството и расната дискриминација од страна на чуварите на редот и мирот.
Не се посочува дали застреланиот 23-годишен маж е црнец. Од полицијата велат дека првично тој се сокрил дома, а потоа се нафрлил со нож против пристигнатите полицајци кои се обиделе да влезат во контакт со него.
Полицијата соопшти дека има видео на инцидентот што се уште не е објавено.
Според извештаите на локалните медиуми инцидентот може да предизвика нови граѓански немири во регионот на Сент Луис, за време на кои претходно имаше случаи на грабежи, а демонстрантите употребија „молотови коктели“ и огнено оружје.
Много илјадни протести избија во предградието на Сент Луис - Фергусон, во август 2014 година, кога бел полицаец Дарен Вилсон застрела невооружен афроамериканец Мајкл Браун, кој пред тоа украл цигари од продавници.
Истрагата на Министерството за правда потврди дека полицијата и властите во Фергусон се пристрасни кон црнците и систематски ги прекршуваат нивните права. Се тврди дека вработените во органите на прогонот користат прекумерна сила против црнците и одржуваат против нив премногу пристрасни проверки.
