Економија, финансии, бизнис

Контакт

Политиколози: Путин повторно може да се кандидира за претседател

Политиколози: Путин повторно може да се кандидира за претседател
Во средината на својот трет мандат како претседател на Русија, Владимир Путин се наоѓа во добра форма, имајќи предвид дека кризата и надворешно политичкиот притисок врз земјата бараат енормна концентрација и поголема активност. Не се очекува во блиска иднина да падне рејтингот на Путин, но сепак недостатокот на кадровска динамика во власта и претставувањето на новата економска програма за развој од рускиот лидер бараат огромни решенија, пишува „РИА Новости“, повикувајќи се на експерти. Политичките аналитичари не ја исклучуваат можноста Путин да учествува во претседателските избори во 2018 година, откако има сигнали од претседателот и неговото опкружување. Според анкета 76% би гласале за Путин на претстојните претседателски избори. Истражувањето е направено од Фондацијата за јавни ставови и е спроведена меѓу 3.000 лица во периодот 18-19 април.
Слично

Поврзани вести