Економија, финансии, бизнис

Контакт

„ПОЛИТИКО“: Украина и Молдавија идниот месец почнуваат преговори со ЕУ?

„ПОЛИТИКО“: Украина и Молдавија идниот месец почнуваат преговори со ЕУ?

„Политико“ пишува дека Украина и Молдавија најверојатно во јуни ќе ги почнат преговорите за членство во Европската Унија(ЕУ). 

Станува збор за 25 јуни. Преговорите со Украина и Молдавија беа најавени во декември, но правниот чекор за отпочнување на истите е пролонгиран повеќе месеци поради стравувањето дека Унгарија би можела да се спротивстави, како и проширување на ЕУ да не биде главна тема на претстојните избори за Европскиот парламент.

Официјалното зелено светло за почеток на пристапните преговори со ЕУ би било голем поттик за Украина, која е во третата година од војната. Унгарија е против членството на Украина во ЕУ. Македонија и Албанија исто така чекаат да почнат преговори со ЕУ. Прво Франција, а потоа и Бугарија ставија вето и земјава не ги почна преговорите. 

Слично

Поврзани вести