Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОЛИТИКАТА СЕ МЕНУВА: Германија екстрадира се повеќе мигранти

ПОЛИТИКАТА СЕ МЕНУВА: Германија екстрадира се повеќе мигранти

Германија го спречила влегувањето на 13 илјади мигранти и одобрила екстрадиција на уште толку за првите 6 месеци од 2016 година.

Бројот е поголем отколку пријавените за целата 2015 година, што покажува дека програмата за репатриција на странци се засилила, објавија германски медиуми.

Повеќето од мигрантите, на кои им е одбиено правото да останат, се обиделе да влезат од Австрија. Тие се главно Авганистанци, Ирачани и Сиријци.

Бројот на екстрадирани мигранти исто така расте. За првите 6 месеци се екстрадирани речиси 14 илјади лица, а нивниот број за целата година е 21 илјада лица.

За претходната година оваа бројка е 2 пати помала.

75% од екстрадираните од Германија во оваа година се државјани на земјите од Западен Балкан, а само 5% жители на земјите од Северна Африка.

Најголем дел од депортацијата доаѓаат од федералните покраини Северна Рајна-Вестфалија, Баден-Виртемберг и Баварија. Над 30 илјади мигранти имаат корист од федералните и регионални програми за поддршка на репатријација. 1/3 од нив се Албанци, 1/10 - Ирачани, а 1/12 - Авганистанци.

Слично

Поврзани вести