Политичко решение за Крим е можно, вели Зеленски
Политичко решение за Крим е можно и пожелно, вели украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Зеленски за разлика од некои негови поранешни изјави сега вели дека би било можно да се преговара за решение за статусот на Крим, без употреба на сила.
„Кога ќе бидеме (во рамките на сегашната противофанзива) на административните граници на Крим, мислам дека ќе биде можно политички да се присили Русија на демилитаризација на територијата на полустровот“, рече Зеленски во интервју од неделата кое во понеделникот го пренесоа неколку украински медиуми.
Киев на почетокот од јуни ја почна долгонајавуваната противофанзива и повеќепати дека има намера да го врати Крим, како и сите окупирани области по почетокот на војната кон крајот на февраури 2022 година.
Украинските власти повторуваа дека не планираат да отстапуваат територии во замена за мир. Руската инвазија на Украина почна лани на 24 февруари.
фото Фејсбук/Володимир Зеленски
