Економија, финансии, бизнис

Контакт

Политички земјотрес во Франција и обвинение за 15 милиони „проблематични“ евра

Политички земјотрес во Франција и обвинение за 15 милиони „проблематични“ евра

Швајцарската национална телевизија РТС објави дека поранешниот француски министер за буџет Жером Каузак, сакал да вложи во швајцарските банки 15 милиони евра во текот на 2009 година. Сепак, посочуваат од РТС, финансиската установа од Женева одбила да ги прифати фондовите, стравувајќи од евентуалните компликации, имајќи предвид дека Жером Каузак бил политички изложена личност.

Откако во 2009 година Швајцарија ги прифати правилата на ОЦДЕ за фискалниот одлив, кои стапија на сила на 1 јануари 2010, Жером Каузак ги префрлил своите фондови од околу 600.000 евра од швајцарската банка УБС во филијалата на приватната банка Јулиус Баер во Сингапур. Во моментов француската истрага против поранешниот министер за буџет, која предизвика политички земјотрес во Франција.

Информациите до кои дошле новинарите од РТС покажале дека во банките во Женева транзитирале многу поголеми суми пред 2009 година, со оглед на многу скромната сума која беше призната дека ја поседува поранешниот министер и фактурата за нејзиниот трансфер од Швајцарија во Сингапур. Адвокатот на Каузак ги отфрли ваквите наводи.

Слично

Поврзани вести