Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОЛИТИЧКИ ПРОГОН И ИСТОРИСКИ ПРЕСЕДАН, КАЖА ТРАМП: Обвинение со 30 точки прв пат против американски претседател

ПОЛИТИЧКИ ПРОГОН И ИСТОРИСКИ ПРЕСЕДАН, КАЖА ТРАМП: Обвинение со 30 точки прв пат против американски претседател

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп се соочува со повеќе од 30 точки од обвинението за деловна измама во обвинението на големата порота на Менхетен, според двајца извори запознаени со случајот. Сè уште не се објавени сите детали во врска со обвинението.

Обвинителството на Менхетен ги контактирало адвокатите на Трамп за да постигнат договор за неговата екстрадиција, изјави портпаролот на обвинителството.

Ова е прв пат во историјата на САД актуелен или поранешен претседател да се соочи со кривична пријава, а Трамп се очекува да се појави на суд во вторник, изјавија повеќе извори за Си-Ен-Ен.

Самото обвинение се однесува на вмешаноста на Трамп во исплата на 130.000 долари на порно актерката Сторми Даниелс, за таа да не зборува јавно за наводната афера со него, за која тврди дека се случила во 2006 година.

Помалку од два часа откако беше обвинет, Трамп ги повика приврзаниците да помогнат во неговата правна одбрана, пренесува Ројтерс.

„Ве молиме дајте придонес, за да го одбраниме нашето движење против бескрајниот лов на вештерки и да ја освоиме Белата куќа во 2024 година“, се вели во е-пошта испратена од групата за собирање средства на Трамп.

Поранешниот американски претседател претходно изјави дека не направил ништо лошо, а истрагата предводена од обвинителот Алвин Брег ја оквалификуваше како „политички мотивирана“, а сега реагираше на сличен начин.

Трамп го нарече обвинението против него „политички прогон и мешање во изборите на највисоко ниво во историјата“ и рече дека е „целосно невин“. Тој посочи дека нема да се откаже од трката за претседател на САД во 2024 година, пренесува Ројтерс.

„Од моментот кога се симнав од златниот ескалатор на Трамп Тауер, па дури и пред да положам заклетва како ваш претседател на Соединетите Држави, радикалните левичарски демократи - непријателите на вредните мажи и жени на оваа земја - беа ангажирани во лов на вештерки за уништување на движењето „Направи ја Америка повторно голема“, рече Трамп.

Реакции на републиканците и демократите

Реакции на обвинението против Трамп, очекувано, доаѓаат од двете страни на американскиот политички спектар.

Републиканскиот сенатор Линдзи Греам изјави дека републиканците нема да попуштат и дека целиот случај ќе заврши со победа на Трамп на суд и на избори.

„Тие се обидуваат да го уништат Доналд Трамп бидејќи се плашат од него на изборите“, истакна Греам.

Претседателот на Претставничкиот дом, републиканецот Кевин Мекарти изјави дека „Алвин Брег непоправливо ја оштетил земјата со обидот да се меша во претседателските избори“.


Слично

Поврзани вести