Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОЛИТИЧКИ ЛИДЕРИ ВО ЕВРОПА: Кои се најмлади, а кои најстари?

ПОЛИТИЧКИ ЛИДЕРИ ВО ЕВРОПА: Кои се најмлади, а кои најстари?

Претседателката на Европската комисија(ЕК), Урсула фон дер Лајен, има 66 години и доаѓа од  Германија. 

Претседателката на Европскиот парламент(ЕП), Роберта Мецола, на 46 години, е симбол на генерациско освежување во европската политика. Избрана за претседател на ЕП во јануари 2022 година, станувајќи најмладиот човек што некогаш ја имал оваа позиција. Во јули 2024 година, таа беше повторно избрана да ја води таа институција за уште еден мандат, како само втора личност и прва жена што била претседател два мандата.

Поранешниот премиер на Португалија, Антонио Коста, стана претседател на Европскиот совет кон крајот на минатата година. Дипломирал на Правниот факултет на Универзитетот во Лисабон во осумдесеттите години, кога првпат влегол во политиката, а денес, на 58-годишна возраст, сè уште е активен. 

Високата претставничка на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, се вели дека е „генерациска транзиција на врвот на европската администрација“, а имаше и такви кои се прашуваа дали „челичната дама“ на 48-годишна возраст ќе биде достојна за позицијата што ја презеде.

Италијанскиот претседател Серџо Матарела, на 83-годишна возраст, е најстариот активен шеф на држава во Европа. 

Емануел Макрон, претседателот на Франција, на 48-годишна возраст, е еден од претставниците на помладата генерација политичари. 

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер има 69 години. 

Финскиот политичар од централно-десничарската партија Александар Стаб стана шеф на државата со победа на изборите во 2024 година. Овој педесет и седумгодишен човек претходно ја извршуваше функцијата потпретседател на Европската инвестициска банка и директор на Европскиот универзитетски институт во Италија.

Најстариот претседател во светот е Пол Бија (91), камерунски политичар, а воедно и најдолгогодишен шеф на држава. Тој е претседател на Камерун од 1982 година, а пред таа позиција беше премиер (1975–1982).

Мајкл Хигинс (83) е ирски политичар, активист за човекови права, универзитетски професор и поет, а е претседател на Република Ирска од 2011 година.

Слично

Поврзани вести