Економија, финансии, бизнис

Контакт

Политички аналитичар верува дека смртта на Пригожин е лажирана

Политички аналитичар верува дека смртта на Пригожин е лажирана

Политичкиот аналитичар Денис Авдагиќ вели дека е можно смртта на водачот на групата Вагнер, Евгениј Пригожин да е лажирана. 

Според него, и граѓаните во Русија се сомневаат. 

„Ова ќе остане шпекулативно прашање. Навистина се сомневам, дури и да го слушнеме официјалното објаснување од истражните органи, не знам кој има доверба во тоа. Граѓаните на Руската Федерација сериозно се сомневаат за тоа што се случило. Би оставил целосно отворена можност дека смртта на Пригожин е можеби лажирана и дека тој е во Русија или на друго место, и дека тоа е направено или само од негова страна или за заедничка корист на Владимир Путин и Пригожин. Ова му требаше на Путин“, тврди Авдагиќ за Нови дан.

Тој потсетува дека Пригожин и покрај бунтот, слободно се движел.

„Толку често паѓајќи низ прозорецот, излегува дека руските милијардери се многу зависни од вотка… Знаеме дека овие луѓе се движат. За дел од нив знаеме дека почнаа отворено да се спротивставуваат на она што го прави Путин“, истакна Авдагиќ.

Тој наведува дека Путин и Пригожин се познаваат многу долго и дека затоа оваа наводна смрт всушност може да биде договор. Додава дека Кремљ владее со страв. 

Путин им нареди на припадниците на Вагнер да потпишат заклетва за верност кон руската држава по авионска несреќа за која загина нивниот шеф Евгениј Пригожин.

Медиумите јавија дека Пригожин загинал во авионска несреќа во средата близу Москва. САД не се изненадени ако зад смртта на Пригожин стои Путин, а Украина соопшти дека нема врска со несреќата. 

Слично

Поврзани вести