Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОЛИТИЧКА ДИВИДЕНДА И ДОБИВКА: Како операцијата во Сирија му се исплати на Путин?

ПОЛИТИЧКА ДИВИДЕНДА И ДОБИВКА: Како операцијата во Сирија му се исплати на Путин?

Резултатите на руските воздушни операции во Сирија ќе станат не само политички диведенди, туку и економска добивка кои ќе доведат договори за наоружување.

Ова го пишува специјалниот дописник на „Комерсант“ Иван Сафронов во статија за весникот „Пари“.

Тој медиум пресметал дека покрај веќе потрошените 33 милијарди рубљи (околу 429 милиони евра) на операцијата во Сирија, ќе бидат потребни околу 10 милијарди (околу 130 милиони евра ) за инветсирање во ремонт на авио-техниката и пополнување на арсенал. Но дури и таа сума планираните добивки од новите договори ќе ги покрие без проблем.

Според информациите на изворите на медиумот, низ државата покажал дека интересот за наоружување кое е користено во Сирија. Во федералната служба за воено-техничка соработка веќе стигнале приличен број барања. На прво место на клиентите е интересот за авио-техника.

Во декември 2015 година од Алжир стигнало барање за испорака на 12 бомбардери Су-32. Алжир исто така, барал да се тестира борбениот ловец Су-35С. Според наводите на соговорниците на медиумот, пилотите биле задоволни од авионот и наскоро таа афричка држава би можела да поднесе ново барање, чија вредност би можела да биде 1,5 милијарди долари.

Со Алжир исто така, е заклучен договорот за набавка на 40 воени хеликоптери Ми-28НЕ. Експертите оценуваат дека договорот е вреден помеѓу 600 и 700 милиони долари.

За борбените авиони СУ-35 се заинтересирани и Индонезија, Виетнам и Пакистан. Во случајот на Индонезија и Виетнам се работи за договор вреден повеќе милијари долари.

Пакистанската војска најверојатно нема да може да купи повеќе од шест авиони,но дури и таков договор ќе и донесе на Русија околу 500 милиони долари.

Откако на интернет се појави видео на кое оклопен тенк Т-90 издржал погодок од противтенковска ракета „PTRK TOV“ побарувачката за тоа оклопно возило исто така може да порасне, сметаат експерите. Меѓу потенцијалните клиенти, соговорникот на медиумот ги наведува Ирак, Иран и државите на ЗНД.

Појавување на комплексот ПВО С-400 во Сирија го привлече вниманието на Саудиска Арабија и ги активирало преговорите со Индија. Испораките на С-400 во тие земји на Русија може да и донесе околу 4 милијарди долари.

Само по приближните испораки на пресметки Русија може да добие договори во вредност помеѓу шест и седум милијарди долари. Тоа е речиси 10 пати повеќе од вредноста на воените кампањи во Сирија.

Воздушната операција на воздушно-космичките сили на Русија во Сирија, каде од 2011 година се води граѓанска војна и каде легалните власти на Дамаск војуваат против екстремистите на Исламска држава, Нусра фронтот и други терористички организации, траела повеќе од пет месеци.

За тоа време руските сили успеале да го прекинат снабдевањето на терористите со оружје и залихи, да ги прекинат основните канали на доопремување на нелегална нафта и да ги протераат терористите од бројните населби .

Слично

Поврзани вести