Политичарка и поранешен новинар ќе бидат амбасадори на Доњецк и Луганск во Москва
Доњецк и Луганск, двете самопрогласени републики во Украина номинираа амбасадори во руската престолнина Москва.
Околу два и пол месеци по нивното признавање, самопрогласените источноукраински народни републики Доњецк и Луганск номинираа амбасадори во Москва, пренесе ДПА.
Проруските сепаратисти од Доњецк најавија дека нивните интереси во Москва во иднина ќе ги застапува политичарката Олга Макеева, а Луганск во Москва ќе го испрати поранешниот новинар Родион Мирошник. Тој пред години работеше за тогашниот украински претседател Виктор Јанукович, кој тесно беше поврзан со Русија. Војната започна на 24 февруари и уште трае. Овие републики се со доминантно руско население, а голем дел од нив поседуваат и руски државјанства.
