Економија, финансии, бизнис

Контакт

Политичарите ќе молчат во Аушвиц

Политичарите ќе молчат во Аушвиц
Во некогашниот нацистички логор Аушвиц, денеска, на Меѓународниот ден на сеќавање на Холокаустот, ќе се чуе само гласот на жртвите, 300 поканети кои го преживеале пеколот во логорот што беше ослободен на денешен ден пред 70 години. Додека голем број шефови на држави и влади, меѓу кои претседателите на Република Македонија Ѓорѓи Иванов, на Германија Јоахим Гаук, на Франција Франсоа Оланд, како и рускиот шефот на претседателската администација Ергеј Иванов како публика молкум ќе ги слушаат сведоштвата на преживеаните. Халина Биренбаум , Кажимјеж Албин и Роман Кент, полски Евреи кои ја преживеале најголемата фабрика на смрт во југот на Полска, во име на сите жртви ќе ја повторат пораката „Се случи, а може и да се случи повторно, секаде“, зборови кои напиша италијанскиот Евроин, писател и хемичар и поранешен логораш Примо Леви. Се проценува дека во Аушвиц во периодот од 1940 до 1945 се убиени околу 1,1 милиони луѓе, меѓу кои најбројни се Евреите од сите европски држанина, ама и 75 илјади Полјаци, 21 илјади Роми, 15 илјади советски воени заробеници и најмалку 15 илјади припадници на други народи од Европа. На овој ден Црвената армија во 1945 година го ослободила Аушвиц.
Слично

Поврзани вести