ПОЛИТИЧАРИ ОД НАШИОТ РЕГИОН ФИНАСИРАНИ ОД РУСИЈА: Американските разузнавачи објавија каде Москва има огромно влијание
Русија потрошила
повеќе од 300 милиони долари во глобална кампања за влијание врз
надворешно-политичките настани, открива најновиот деккласифициран извештај на
американските разузнавачи.
Москва тајно финансира политички партии, функционери и политичари во најмалку дваесетина земји на четири континенти од 2014 година, објавија САД, нагласувајќи дека улогата на Кремљ во работите на другите земји е под поголема лупа по нејзината инвазија на Украина.
Администрацијата на претседателот Џо Бајден ги споделува деталите од прегледот со 110 земји како дел од својата кампања за разоткривање на дејствијата на Русија преку нивно објавување.
Некои од земјите што добиваатја руски пари на Балканот се Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, од Источна Европа се споменуваат Унгарија, Бугарија...
Висок претставник на администрацијата одби да каже колку пари се верува дека Русија потрошила во Украина, каде што претседателот Володимир Зеленски и неговите највисоки заменици долго време го обвинуваат Путин за мешање во внатрешната политика. Официјалниот претставник ги истакна наводите за руско влијание на неодамнешните избори во Албанија, Босна и Црна Гора. Влијанието на Москва е огромно и тоа се гледа по последните избори во Албанија. Земјата се најде во ситуација Социјалистичката партија цврсто да ја презеде власта, што беше доволно за опозициската Демократска партија да прифати „помош“ од Москва. Приштински Коха Диторе на својата веб-страница наведува дека Русија на партијата и дала околу 500.000 долари на изборите во 2017 година. И тој случај е познат и по него е спроведена истрага. „Албанските власти покренаа истраги поврзани со овие плаќања со образложение дека парите ги плаќала офшор компанија и дека Демократската партија не известувала редовно до Централната изборна комисија за потрошените пари, со што ги заобиколувала законите за спречување перење пари, пишува Коха Диторе.
Во информацијата што ја пренесуваат сите светски медиуми се наведува дека Русија ја започнала операцијата за поткуп на политички партии, функционери и политичари во 2014 година, годината во која го анектираше Крим и започна бунт против украинската влада во регионите Доњецк и Луганск. Во дипломатскиот меморандум се наведува дека Москва користела криптовалути, готовина и подароци за да ги обликува политичките настани во други земји, честопати користејќи ги сметките и ресурсите на руските дипломатски мисии за да го стори тоа.
„Во следните месеци, Русија може сè повеќе да се потпира на своите алатки за прикриено влијание, вклучително и тајно политичко финансирање, во Централна и Јужна Америка, Африка, Блискиот Исток и Азија во обид да ја поткопа ефективноста на меѓународните санкции и да го задржи своето влијание во овие земји и региони среде војната во Украина“, се наведува во инструкцијата.
Тајно финансирање
„За Русија, придобивките од „прикриеното политичко финансирање“ се двојни, да се шири влијание врз поединци и партии кои ја искористија предноста и да се зголеми веројатноста овие партии да имаат добри резултати на изборите. Скриените односи меѓу овие партии и нивните руски добротвори го поткопуваат интегритетот и довербата на јавноста во демократските институции“, се вели во обелоденетиот американски извештај.
ФOTO/EPA
Извори: The Guardian, BBC, Washington Post