Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОЛИЦИЈАТА ВО ХАМБУРГ НА НОЗЕ, ЈА БЛОКИРАШЕ ЖЕЛЕЗНИЧКАТА СТАНИЦА: Човек заразен со смртоносен вирус патувал во возот

ПОЛИЦИЈАТА ВО ХАМБУРГ НА НОЗЕ, ЈА БЛОКИРАШЕ ЖЕЛЕЗНИЧКАТА СТАНИЦА: Човек заразен со смртоносен вирус патувал во возот

Германската полиција го блокираше пристапот до перонот на железничката станица во Хамбург поради стравувањата дека во брз воз кој пристигнал од Франкфурт има патници кои може да се заразени со опасен вирус.

Би-би-си јавува дека маж во тој воз и неговата девојка имале симптоми слични на грип за време на патувањето до Хамбург.

Се наведува дека во Германија пристигнале од странство каде лекарите третирале маж инфициран од заразна болест, без да се прецизираат за каква болест се работи.

Британскиот медиумски сервис наведува дека не е јасно какви точно тегоби имал мажот за кој беше пријавено дека е студент по медицина, но се знае дека немал покачена температура.


Хамбуршкиот весник „Morgenpost“ на својата веб-страница наведе дека патниците во Франкфурт пристигнале од Руанда.

Tим од полиција и пожарникари утринава пристигнале на станицата во Хамбург за да го пречекаат возот, а младиот човек и неговата девојка веднаш беа пренесени во специјалистичка клиника.

Платформата на станицата оттогаш е повторно отворена.

Би-би-си јавува дека Руанда, земја во источна Африка води битка против вирусот Марбург кој неодамна се појави таму.

Истовремено, според наводи на Ројтер кој ја пренесува изјатавата на руандскиот министер за здравство, Иван Бутера, земјата е подготвена да започне вакцинација и терапевтски клинички испитувања за лекување на вирусната болест. Оваа болест, која првпат беше потврдена во земјата кон крајот на септември, досега уби 11 лица, а има уште 36 пријавени случаи, покажуваат податоците на Министерството за здравство.

Повеќето епидемии на Марбург вирусот, со стапка на смртност до 88 проценти, се случиле во Субсахарска Африка.

Слично

Поврзани вести