Економија, финансии, бизнис

Контакт

Полицијата во Берлин застрела Ирачанец

Полицијата во Берлин застрела Ирачанец

Ирачанец е застрелан од полицијата во Берлин, откако се обидел да избоде маж кој според него ја нападнал сексуално неговата ќерка. 

Ова го објавија властите, цитирани од американските медиуми.

Тоа се случи доцна синоќа, кога полицијата го уапси 27-годишниот напаѓач, пакистански државјанин, во прифатилиште за бегалци во германската престолнина.

Дваесет и девет годишниот Ирачанец, чие име не беше соопштено е застрелан од неколку полицајци, откако ги игнорирал повиците  да запре, соопштија полицијата и обвинителството во заедничката изјава. Подоцна мажот починал од повредите.

Шестгодишна ќерка на Ирачанецот и нејзиното семејство добиваат психолошка помош.


Слично

Поврзани вести