Економија, финансии, бизнис

Контакт

Полицијата во Англија излови 60 000 фунти во река

Полицијата во Англија излови 60 000 фунти во река
Серија британски банкноти со вредност еднаква на 96 000 долари , фати полицијата во река во источна Англија , објави Lincolnshire Echo . Иако необичното откритие беше направено кон крајот на октомври , за него беше соопштено дури денеска. Жител на округот Линколншир кој го шетал своето куче крај брегот , видел како во водата лебдат банкноти . Тој ја информирал полицијата , по што властите почнале необичен риболов . Според прелиминарните проценки  на полициските соработници станува збор за сума од околу 60 000 фунти , но допрва Банката на Англија ќе оцени колку од банкнотите , силно погодени од водата , може да останат во употреба. Полицијата се уште се труди да го утврди сопственикот на парите. Ако не успее да го открие , тие ќе бидат запленети од властите .
Слично

Поврзани вести