Полицијата со еден куп работа, има мртви на прославата во Буенос Аирес
Интензивната прослава со пет милиони жители излезени да улиците на Буенос Аирес на дочекот на автобусот на новите светски фудбалски шампиони однесе два животи, соопшти аргентинската полиција.
Едно 24-годишно лице го загуби животот откако паднал од стаклениот кров на кој бил качен и починал на лице место. Друг навивач пак починал откако се задушил од знамето што го имал врзано околу вратот, откако преку него поминал мотоцикл и почнал да го влече зад себе.
Петгодишно дете се наоѓа во кома откако на главата му паднал дел од споменик на кој биле качени десетина навивачи, а здравствените власти пријавиле неколку илјади повредени во обидот да се качат на повисоки објекти и да бидат што поблиску до рутата на која поминувал автобусот со Лионел Меси и останатите фудбалски ѕвезди.
Ситуацијата беше на работ да излезе од контрола откако беше блокиран автобусот со фудбалерите, кој триесетина минути стоеше во место, за на крајот играчите и стручниот штаб со хеликоптери да бидат евакурани.
Полицијата морала да интервенира со употреба на водени топови и гумени куршуми.
