Економија, финансии, бизнис

Контакт

Полицијата по „лов на жени‘‘ – Апсурден закон во Туркменистан

Полицијата по „лов на жени‘‘ – Апсурден закон во Туркменистан
Жените  кои доцна навечер ќе се затекнат на улица или во ресторан , ризикуваат да бидат фатени од полицијата. Во тој случај тие ќе се соочат со анализа на полови болести и присутност на опојни дроги во  организмот , пренесува  портал Хрониките на Туркменистан. Во кафич или во ресторан во Ашхабад влегуваат група мажи во цивили, ги  фаќаат жените и ги носат во полициска станица-тоа е сценариото доколку се затекат жените во целата земја ,доцна ноќе. Можат да бидат приведени и дами , како и оние кои се во друштво на своите мажи. После 23 часот, кога во Туркменистан  ќе се затворат местата за забава, полицијата тргнува во потрага. Полицијата овие екстремни мерки ги објаснува како „борба против проституцијата‘‘. Туркменистанските власти се познати по тоа што на законодавно ниво , им се мешаат во приватниот живот на граѓаните, а се појавиле и гласини дека  на жените ќе им биде забрането да возат. Уште за време на претходниот претседател Сапармурат Нијаз , биле забранети златните заби како и брадите. Забраната  опфкала циркус , балет и видеоигри. Политиколозите истакнуваат дека овие мерки се вообичаени за тоталитарните држави. Кај нив е природно државата да има право да се меша во сите подрачја на општествениот  живот. Аналитичарите наведуваат дека воведувањето на ваквите норми во муслиманските земји сепак не им одговара на жителите. Според податоците на социолошките агенции , за забрана за возење на жените  потврдно се изјасниле дури 35 % од анкетираните во Киргистан, 27% во Таџикистан , 10% во Казахстан и 8% во Азербејџан.
Слично

Поврзани вести