Економија, финансии, бизнис

Контакт

Полицијата опколи маж кој се заканува дека ќе убива луѓе

Полицијата опколи маж кој се заканува дека ќе убива луѓе

Човек со оружје во Лондон се заканува дека ќе убива луѓе.

Полицијата преговара со него.  На местото на настанот е распоредена вооружена полиција, како и тимови на Брза помош и Противпожарна бригада.

„Полицијата е повикана утрово од страна на човек кој изјави дека планира да убива луѓе. Човекот е во автомобил и кога му пришле полицајците, им кажал дека е вооружен. Службите се обидуваат мирно да ја решат ситуацијата“, соопшти лондонската полиција.

Минатата недела во Нов Зеланд имаше напад во две џамии, при што загинаа 50 луѓе, а 30 беа повредени. По ова, водачот на организацијата Исламска држава ги повика екстремистите и следбениците да се „одмаздат“.  Еден од водачите на терористите Абу Хасан ал Мухајир, наводно го објави повикот на следбениците во 44-минутна аудио снимка, пренесе Daily mail.

Слично

Поврзани вести