Економија, финансии, бизнис

Контакт

Полицијата на нозе - бегалци сакале да пратат подарок на Меркел

Полицијата на нозе - бегалци сакале да пратат подарок на Меркел

Бегалци ја кренаа полицијата на нозе, сакале да испратат пратка на канцеларката Ангела Меркел. 

Вработен во пошта го сметал тоа за сомнително, па ги повикал полицајците. 

Полицијата упадна во пошта во Западна Германија, откако двајца кандидати за азил се обидоа да испратат пратка како подарок на канцеларката  Меркел, јави ДПА.

Вработен во поштата која се наоѓа на бензиска станица во градот Наунхајм, провинција Рајнска област-Пфалц, се јавил на полицијата, откако двајцата кандидати за азил - татко и син, оставиле пратка. 

„Службеникот го сметал тоа за сомнително поради настаните во текот на изминатата недела"-изјави полициски портпарол за ДПА.

Потоа е доведено полициско куче, за да го провери пакетот.  Подарокот бил скулптура, изработена од постариот бегалец специјално за канцеларката како благодарност за дозволата да останат во Германија.


Слично

Поврзани вести