Економија, финансии, бизнис

Контакт

Полицајци загинаа во Москва - Украина тврди дека мачеле воени заробеници

Полицајци загинаа во Москва - Украина тврди дека мачеле воени заробеници

Руските медиуми ги објавија идентитетите на загинатите полицајци во експлозијата што вчера се случи во Москва. Се работи за Илја Климанов (24) и Максим Горбунов (25). Горбунов има сопруга и мало дете.

Извори од Украинската воена разузнавачка агенција (ГУР) потврдија за Киев Пост дека агенцијата била вклучена во нападот. Изворите наведоа дека двајцата убиени полицајци учествувале во руската инвазија на Украина и мачеле украински воени заробеници.

Александар, жител на тој дел од градот, за Ројтерс изјави дека слушнал силна експлозија.

„Имаше експлозија. Беше силен тресок, исто како и со автомобилот пред неколку дена“, рече тој.

Оваа експлозија се случи недалеку од местото каде што високиот руски генерал Фанил Сарваров беше убиен во експлозија на автомобил-бомба во понеделникот.

Сарваров (56) беше началник на одделот за оперативна обука во руските вооружени сили. Тој беше третиот воен функционер што загина во бомбашки напади во руската престолнина во изминатата година.

Во интервју за прорежимскиот весник „Московски комсомолец“, пензионираниот генерал-мајор на руската разузнавачка служба ФСБ, која е наследничка на озогласеното КГБ на Советскиот Сојуз, Александар Михајлов, вели дека информациите за местото на живеење и распоредот на работа на генерал-полковник Фанил Сарваров на одговорните за нападот, можеби, им ги пренеле предавници.

Руската инвазија на Украина почна на 24 февруари во 2022 година. 

Слично

Поврзани вести