Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОЛИЦАЕЦОТ-УБИЕЦ, ДЕРЕК ШОВИН СЕ СООЧУВА СО ЗАТВОРСКА КАЗНА ОД 40 ГОДИНИ: Денеска ќе ја слушне пресудата за убиството на Џорџ Флојд

ПОЛИЦАЕЦОТ-УБИЕЦ, ДЕРЕК ШОВИН СЕ СООЧУВА СО ЗАТВОРСКА КАЗНА ОД 40 ГОДИНИ: Денеска ќе ја слушне пресудата за убиството на Џорџ Флојд

Големи групи луѓе се собираат во близина на судот во Минеаполис каде Дерек Шовин, полицаецот-убиец на Афроамериканецот, Џорџ Флојд треба да ја слушне пресудата. На 20 април, поротата го прогласи поранешниот полицаец за виновен за ненамерно убиство од втор степен, убиство од трет степен и убиство со умисла.

Пред повеќе од една година, Шовин се обиде да го уапси Флојд, кој беше обвинет за употреба на фалсификувана банкнота од 20 долари во една локална продавница. Тој со коленото му го притискаше вратот повеќе од девет минути. Откако се пожалил дека не може да дише, Флојд изгубил свест, а подоцна почина во болница.

Денеска светот сведочи дека на најистакнатиот случај на полициска бруталност во поновата историја на Соединетите Држави ќе се стави крај во владиниот Центар на округот Хенепин, Минесота, во 13.30 часот. Шовин ќе слушне колку долго ќе отслужува затвор за убиството на 46-годишниот Флојд, татко на пет деца, на 25 мај минатата година. Тој се соочува со 40 години затвор за убиството на Флојд, но според државните упатства, на судовите во Минесота им се препорачува да ги осудат криминалците на 12,5 години за убиство од втор степен.

Смртта на Флојд предизвика масовни протести во голем број американски градови, каде демонстрантите ја осудија полициската бруталност и побараа правда за Афроамериканците. Некои од протестите се претворија во немири со вандализам и уништување на имотот.


Слично

Поврзани вести