Полицаец уби пензионерка во Њујорк, го нападнала со палка
Полицаец вчера застрела 66-годишна жена во њујоршкиот кварт Бронкс, бидејќи таа го нападнала со безбол палка, соопшти на прес-конференција портпаролот на градската полициска станица, Лери Нокенан.
Полицаецот бил повикан на адреса во станбен блок од сосед на пензионерката. Граѓанинот соопштил дека жената се однесуваат чудно и очигледно не е при себе. Кога пристигнала патролата, полицајците виделе дека жената е во својот стан и е вооружена со ножици.
Едниот полицаец успеал да ја убеди жената да ги остави ножиците на подот, но таа одеднаш ја грабнала палката и се фрлила кон него. Според полицискиот портпарол, патролниот полицаец пукал двапати кон жената. Таа починала во болница.
За инцидентот е започната внатрешна истрага за да се утврди зошто полицаецот пукал, а не користел електошок уред.
