Економија, финансии, бизнис

Контакт

Полицаец прободен со нож на аеродромот во Мичиген, патниците евакуирани

Полицаец прободен со нож на аеродромот во Мичиген, патниците евакуирани

Голем инцидент се случи на меѓународниот аеродром „Бишоп“ во Флинт, Мичиген, каде еден полицаец од аеродромското обезбедување бил прободен во вратот со нож. 

Аеродромот е затворен на неопределено време и патниците биле итно евакуирани како мерка на претпазливост, а засега не се познати детали за инцидентот.

Во соопштението на аеродромот се наведува дека сите патници се безбедни и дека треба да проверат со компаниите дали нивните летови се откажани или одложени.

„Полицаецот лежеше, а вратот му крвавеше“, рекол еден од очевидците.

Тој додал дека видел дека полицијата привела еден маж, како и дека покрај повредениот полицаец имало нож.

Според пишувањата на американските медиуми, полицаецот е во критична состојба.

Слично

Поврзани вести