ПОЛИЦАЕЦ ГОРИ ЖИВ УДРЕН ОД МОЛОТОВ КОКТЕЛ, ова е најдраматичната сцена од демонстрациите во Париз
Насилните
протестиво Париз поради неадоволството на работниците од пензиските реформи траат
веќе неколку недели, но синоќа
демонстрациите на улиците на
француската престолнина ескалираа. Ова е е дна од најдраматичните сцени.
Полицаец откако беше погоден со молотов коктел почна жив да гори. За среќа
колегитеуспеаја да го спасат.
Освен полицаецот, повреден е и еден демонстрант, а околу 300 лица беа приведени во инцидентите за време на првомајските протести во Франција, на кои, според синдикатите, собраа 2,3 милиони, додека полицијата ја проценува бројката на околу 780.000 луѓе.
-Иако однесувањето на огромното мнозинство демонстранти кои протестираа на улиците на француските градови, главно во Париз, Лион и Нант, беше мирно и неслучајно, француската полиција се соочи и со помала група екстремни насилници кои излегуваат со единствена цел на улиците, да се судрат и да повредат припадници на полицијата, киднапираат и крадат, објави францускиот министер за внатрешни работи Жерал Дарманен на својот Твитер профил.
Според него, париски полицаец е тешко повреден во напад со молотов коктел. На видеото објавено на социјалните мрежи може да се забележат колеги како се обидуваат да го изгаснат пламенот на неговото тело, предизвикан од нападот со молотов коктел.
Француските синдикати рекоа дека првомајските протести биле „историски и празнични“ со учество на околу 2,3 милиони луѓе низ целата земја, но Министерството за внатрешни работи соопшти дека околу 782.000 луѓе се собрале во француските градови.
Големи демонстрации иницираше пред неколку недели пензиската реформа со која старосната граница за пензионирање се зголемува од 62 на 64 години, на што граѓаните остро се спротивставија.
Paris is out of controlpic.twitter.com/tq1Et5D6Qn
— Dr. Anastasia Maria Loupis (@DrLoupis) May 1, 2023
