Економија, финансии, бизнис

Контакт

Полетал со ракета за да докаже дека Земјата е рамна, но за влакно избегнал смрт

Полетал со ракета за да докаже дека Земјата е рамна, но за влакно избегнал смрт

Мајк Хјуџис од Калифорнија, со силна желба да докаже дека Земјата сам конструира ракета со цел да полета со неа и да го докаже тоа, ама не докажа ништо, освен што за влакно избегна смрт.

Хјуџис сам конструираше ракета за да докаже дека постои заговор и дека астронаутите ги фабрикувале информациите за обликот на Земјата. Мајк самостојно се лансирал 550 метри кон небото над пустината Мохаве. За ракетата сам дал пари, а добил финансиска помош и од групи на истомисленици, собирајќи вкупно 20.000 долари.

Но, при подвигот, ракетата почнала забрзано да паѓа надолу. Тој отворил падобран за да го ублажи падот, а се отворил и помошниот падобран. На видео може да се види како тим од луѓе притрчуваат да му помагаат. Самоукиот инженер, за среќа, завршил само со повреда на ребрата.

Хјуџис е упорен и сака да собере 2 милиони долари за лансирање ракета во вселената за да ја докаже својата теорија. Ентузијастот Хјуџис лани изјави дека неговата намера е само почеток во откривање на вистината.


Слично

Поврзани вести