СЕ УРНА АВИОН КОЈ ПРЕВЕЗУВАЛ ПАЦИЕНТИ, УШТЕ ЕДНА НЕСРЕЌА ВО АМЕРИКА: Има шестмина загинати (ВИДЕО)
Мал авион се урна во североисточна Филаделфија, при што екипите за итни случаи интензивно реагираа на местото на настанот, изјави гувернерот на Пенсилванија. Во авионот имало шест патници меѓу кои едно девојче.
Гувернерот Џош Шапиро рече дека ги обезбедува сите расположливи ресурси за да помогне да се одговори на падот на приватен авион во таа областа.
Според првичните информации, се работи за медицински транспортен авион Learjet 55 со мексиканска регистрација, во кој во моментот на несреќата имало двајца патници.
Авионот се урнал на помалку од пет километри од североисточниот аеродром во Филаделфија, кој претежно го користат за бизнис и чартер авијација. Канцеларијата за управување со вонредни состојби во Филаделфија соопшти дека станува збор за „голем инцидент“ и дека патиштата во областа се затворени.
WATCH: Aerial view of the MASSIVE fire at the Philadelphia plane crash site
— Nick Sortor (@nicksortor) February 1, 2025
Debris is being found over a quarter mile away pic.twitter.com/oPtfJaJ1EW
Податоците за летот покажуваат дека авионот полетал во 18:06 часот, но исчезнал од радарот само 30 секунди подоцна, откако достигнал височина од 1.500 стапки (487 метри).
На социјалните мрежи се појави фотографија споделена од Канцеларијата за итни случаи, на која се гледа густ чад во близина на трговскиот центар Рузвелт. Националниот одбор за безбедност на транспортот почна да собира информации за инцидентот, додека Федералната управа за авијација сè уште не објави детали за несреќата.
